Група крадци во понеделникот успеала да украде 18 тони чоколадо од фабрика во Блауденц на западот на Австрија.
Крадците дошле нормално, се преставиле дека се добавувачи и покажале документи дека треба да достават чоколади во Чешка. Но чоколадите не стасале во Чешка и по два дена фабриката открила дека е измамена и повикала полиција.
Сега се трага по слатките крадци и нивнито плен.