Уличен просјак тврди дека годишно заработува и по 60 илјади долари!?


Бездомникот Шеин Ворен Спигл (45) е уапсен поради улично просење, изјавија од локалната полициска станица во Оклахома Сити, во САД, додавајќи дека минатата година со просење заработил 60 илјади долари.

Шеин тврди дека годишната заработка од овој бизнис навистина достигнува до 60 илјади долари.

Доколку ваквата изјава е точна, тогаш Спигловата заработка спаѓа во средната категорија на приходи во САД во која се наоѓаат на пример архитектите, судските вештаци и компјутерските аналитичари. Неговата заработка е поголема и од просечниот годишен приход на едно американско семејство која изнесува помеѓу 49 – 51 илјада долари.

– Мрзлив сум а сепак заработувам 60 000 долари годишно. Зошто да барам друга работа и вака сум задоволен од заработувачката, изјавил Спигл кога му пришол полицаецот и го предупредил дека не смее да се задржува на раскрсница без дозвола со натпис дека бара пари за превоз и храна.

Спигл на тоа му одговорил дека е подготвен да плати 200 долари за дневна дозвола!?

Полицаецот му наредил да се тргне бидејќи немал ни дозвола ниту полиса за осигурување. Кога по 20 минути повторно го затекнал на истото место го приведил поради улично просење по што е префрлен во локалниот затвор во Оклахома.

Не е познато кој ќе води сметка за неговите финансии додека тој лежи во затвор.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1