Уметник закопал злато на плажа, кој си го најде негово си е


Германски уметник закопа 30 златни прачки на плажа во Британија, со што предизвика еден куп ловци на богатство да тргнат во потрага, пренесува Business Insider.

folkestone-triennial-2014-011Вкупната вредност на прачките се проценува на 13.000 евра, а закопани се во областа Фокстон, Англија од страна на германски уметник. Сето ова е всушност уметнички перформанс направен во склоп на фестивал, но секој оној што ќе успее да пронајде некоја од прачките ќе може да ја задржи за себе.

„Никогаш нема да знаеме дали прачките се пронајдени или не“ – изјави Луис Бигс, еден од одговорните на фестивалот во чиј склоп е изведен перформансот. Бројката на луѓе кои сакаат да учествуваат во ловот стигнала и до 200, иако некои се сомневаат дека станува збор за шега. Организаторите потврдија дека на плажата навистина има закопано злато и не станува збор за шега.

Целта на уметникот е преку проектот да го „наруши секојдневието на луѓето“, нешто што со сигурност му успеа бидејќи голем број на луѓе тргнаа во потрага по закопаното богатство.

БОГАТАШ ПРЕДИЗВИКА ВИСТИНСКА ПОТРАГА ПО БОГАТСТВО – ЗАКОПА ПАРИ – ЦЕЛА АМЕРИК ГИ БАРА
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1