Македонските деца се најсреќните според извештајот на УНИЦЕФ за 2013 година, пренесува Сител телевизија.
Во истражувањето кое во 39 земји го направи реномираната британска организација “The Children’s Society“, 50 илјади деца на возраст од 8 до 17 години ги изразија своите чувства и ставови во однос на самодовербата, образованието, општествените односи, парите, околината и слободното време.
Анкетарите објавија дека македонските деца помеѓу врсниците од држави како САД, Канада, Русија, Холандија – најдобро се согласуваат со околината, семејството и друштвото, како и дека се помеѓу најдобрите кога станува збор за училишните обврски и самодовербата.
Македонските деца кои лани воопшто и неа беа на листата, од врвот ги симнаа малите Холанѓани кои сега се на второто место. Најсреќната петка ја заокружуваат Ерменија, Гренланд и Австрија, додека на дното се наоѓаат децата од Турција. Само за нијанса посреќни од нив се децата од Канада и САД.
Од државите во регионот, најблиску до Македонија е Словенија, чии деца според среќата се рангирани на 12-тото место.