УНИЦЕФ: Македонските деца- најсреќни во светот


Македонските деца се најсреќните според извештајот на УНИЦЕФ за 2013 година, пренесува Сител телевизија.

deca-zname500Во истражувањето кое во 39 земји го направи реномираната британска организација “The Children’s Society“, 50 илјади деца на возраст од 8 до 17 години ги изразија своите чувства и ставови во однос на самодовербата, образованието, општествените односи, парите, околината и слободното време.

Анкетарите објавија дека македонските деца помеѓу врсниците од држави како САД, Канада, Русија, Холандија – најдобро се согласуваат со околината, семејството и друштвото, како и дека се помеѓу најдобрите кога станува збор за училишните обврски и самодовербата.

Македонските деца кои лани воопшто и неа беа на листата, од врвот ги симнаа малите Холанѓани кои сега се на второто место. Најсреќната петка ја заокружуваат Ерменија, Гренланд и Австрија, додека на дното се наоѓаат децата од Турција. Само за нијанса посреќни од нив се децата од Канада и САД.

Од државите во регионот, најблиску до Македонија е Словенија, чии деца според среќата се рангирани на 12-тото место.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1