Полицијата го уапси Александар Василевски познат како Нинџа поради сомнение дека пред две недели пукал во Драганчо Стоименов, клучниот сведок во случајот „Детонатор“ (Фото). Од МВР за утре најавуваат повеќе детали.Неофицијално, како што пишува порталот ,,Академик,, Нинџа се криел во околината на населбата Ченто во куќа на лица од албанска националност.
На 2 декември на паркинг во населбата Аеродром, две лица пукаа кон Стоименов. Само неколку дена по 4 обид за убиство на Драганчо Стоименов, клучниот сведок во случајот „Детонатор“, полицијата уапси еден од пукачите, а постои сомнение дека вториот е токму Александар Василевски-Нинџа.
Драганчо Стоименов пред неполни два месеци, во судница со прст ги посочи шестмината обвинети во Детонатор – Игор Горански, Сашко Стојчев, Жан Железарски, Горан Божиновски, Јорданчо Михајлов и Симеон Михаилов како главни виновници за тогашните три обиди за негово убиство.
Извор – Академик