Ургентниот центар на Детската клиника преполн со болни деца


За време на викендот дури 278 дечиња биле третирани  во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести. Според директорката на клниката Аспазија Софијанова, ова е рекордна бројка на болни деца, пишува Здравство 24.

lekari03

 

Од температура до дехидратација. Дел биле само прегледани но дел и хоспитализирани поради сериозност на клиничката слика. Според извештајот на дежурните во Ургентен, изминатите два дена доминирале стомачни инфекции со проливи и повраќања кои доведувале и до дехидрирање кај децата па дел биле и задржани на клиниката. Според др. Софијанова во овој дел лекарите с епосебно внимателни бидејќи стомачните болки, односно вирозите кај децата често поминуваат во бактериоза. За големиот број на болни, според Софијанова влијание има и променливото време како и аерозагадувањето кое негативно влијае кај децата. Влијание има и храната па затоа препораката на педијатрите е што повеќе здрава исхрана.

Преполно е и во болницата за белодробни заболувања кај децата – Козле. Имаат тројно повеќе хоспитализирани пациенти од предвидените, односно, расположливите капацитети. Ако треба 34, во Козле има 98 болни деца кои лежат во болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1