Уште денеска уживајте во сонцето – од утре нестабилно време со врнежи од дожд


Денешниот ден ќе биде последниот ден од серијата на сончеви денови. Од утре, среда, очекуваме серија на денови кои ќе бидат облачни и врнежливи.

Денеска е очекува повремено зголемување на облачноста, но без услови за дожд. Ќе биде топло. Максималната температура ќе биде во границите меѓу 24°С и 27°С долж вардарскиот тек, во низините од источниот регион околу 24°, а во котлините од западниот предел околу 22°С .ulica dozd 3 mk

Од среда околу пладне потпаѓаме под ново циклонско влијание кое ќе донесе нов бран врнежи и пад на температурата низ земјава. Врнежите ќе бидат поинтензивни и почести во среда попладне и четврток рано наутро. Во четврток попладне врнежите ќе бидат позастапени во западната половина од земјата. Нов позначителен бран на врнежи, кој ќе биде проследен со нов пад на температурата очекуваме во сабота. Овој бран врнежи ќе донесе поголема количина на наврнат воден талог отколку оној во среда.

Во однос на температураниот пад, се до петок температурата ќе има вредности низ котлините кои генерално ќе бидат во дијапазонот од 16°С до 20°С, додека за време на викендот очекуваме пад на температурата за околу 2°С.

ИЗВОР: МЕТЕОПРО

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1