По случајот со враќањето на Ѓорѓија Атанасовски од македонско-грчката граница, минатата недела уште на најмалку двајца македонски државјани не им било дозволено да влезат во Грција и покрај уредните документи кои ги поседувале, пренесува МИА
На нивните прашања зошто не им се дозволува влез во Грција, како што пренесува Нетпрес, грчките гранични служби им рекле дека се внесени во регистарот на непожелни лица во Грција и оти на граничните службеници така им било соопштено од Атина каде се води регистарот.