Уште двајца повредени полицајци – бројката стигна до 20


МВР не објави колкава е бројката на повредени и дали има загинати полицајци. Според информациите пред малку во Скопје пристигна уште еден хеликоптер со двајца повредени полицајци. Со тоа бројката на повредени пристигна до над 20.

kliniki- brza pomos urgenten

Според информациите од Ургентниот центар во Скопје последната бројка беше 15 повредени од кои 4 потешко. Но нема подетални информации во каква состојба се примените, има информација само дека во тек се  хируршки интервенции на неколку повредени.

Дваесетина повредени во денешната оружена пресметка во Куманово досега се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Дел од повредените во Скопје беа транспортирани со возила на прва помош, а дел со хеликоптер.

Повикани биле дополнителен број лекари и сите се на готовс. Некои од повредените се префрлаат и во „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1