ВИДЕО од пресот на МВР – терористите опколени во неколку куќи во Куманово


Според МВР се работи за добро вооружена и обучена терористичка група која била засолнета во неколку куќи во дивата наслеба во Куманово каде има тесни улички и тежок терен за акција. Откако биле нападнати од страна на полицијата терористите возвратиле со жесток оган, со бомби снајпери и автоматско оружје ги нападнале полицајците .

Според информациите терористите се опколени.

Полицијата апелира на трпение од населението бидејќи мора да изврши претрес во куќите.ivo kotevski 2

 

– Групата влегла илегално во Македонија од соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила подготвувајќи се за терористички напади. Лоцирани се во неколку куќи во кумановската Дива населба. Станува збор за добро вооружена и обучена група за борба во вакви услови . специјалните едници во 5 часот утринава отпочнале со реализација на планот за разбивање на групата, но наишле на жесток отпор од терористите, рече Котевски. Тие ги нападнале полициските сили со бомби и рафали.

– Се уште се во тек активностите на терен. Заради специфичноста на теренот полицијата напредува тактички и врши прегледи во куќите од безбедносни причини. Апелираме граѓаните да останат мирни и да се воздржуваат – порача тој.

Заради чувствителноста на ситуација, додаде, МВР не може да соопшти повеќе детали.
Портпаролот не даде информација колку припадници на безбедносните сили се повредени и дали има загинати, но според последните неофицијални податоци на скопските клиники се префрлени околу дваесетина полицајци.

Video – Kanal5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1