Уште еден смртен случај во гевгелиската болница – почина 14-годишно девојче


Втор смртен случај за неполна недела во гевгелиската болница. Како што јавува Канал 5, станува збор за четиринаесетгодишно девојче од селото Миравци, кое најпрво било хоспитализирано во болницата во Валандово.

bolnicA gevgelija

Елена (14) од селото Миравци ноќва умрела во гевгелиската болница како последица на предозираност со таблети за намалување на притисокот.

Според семејството, девојчето починало поради неажурност на персоналот во гевгелиската болница бидејќи откако виделе дека сосотојбата е критична веднаш не ја испратиле за Скопје.

Елена вчера испила неколку таблети на татко ѝ за намалување на притисокот. Откако состојбата се влошила била пренесена во гевгелиската болница со низок притисок и слаб пулс.

Надлежните од болницата во Гевгелија велат дека направиле се за да го спасат девојчето. Сега телото на девојчето е на обдукција во Скопје.

Пред само два дена, во болницата починаа родилка и нејзиното бебе.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1