Уште една трагедија во семејството Сталоне – му почина полусестрата


Полусестрата на познатиот холивудски актер Силвестер Сталоне, Тони-Ан Филити, ја изгуби борбата со ракот на белите дробови.

Тони починала во неделата вечерта во домот на својата мајка Џеку Сталоне, откако претходно подолг период го минала во болница. Нејзината смрт не била изненадувачка за семејството. Било само прашање на време.
Ова е уште една тажна околност која во последно време му се случува на семејството Сталоне. Имено минатиот месец почина синот на Силвестер Сталоне, 36 годишниот глумец и режисер Сејџ Сталоне.

„Тешко е, многу ми е тешко. Се надевам дека времето ќе ги излечи раните. Се обидувам да минам низ сето ова што ми се случува на најбезболен начин, но, некако тешко се снаоѓам. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои што ме охрабруваат и ме туркаат да продолжам понатаму“, изјавил Силвестер Сталоне во првото интервју што го имал по смртта на неговиот син.

Сталоне дополни дека ќе се бори со сите сили да се врати и да го започне животот од почеток, за да не западне во вртлог од кој нема излез.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1