Од Клиниката за инфективни болести информираат дека денеска починала 60-годишна пациентка од Охрид, кај која е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А. Ова е петта жртва на грипот сезонава.
Пациентката пред 10 дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и со претходно хронично оштетување на белите дробови, со масивна бронхопневмонија, апцеси во слезинката и црниот дроб. И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала.
На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 113 пациенти, од кои повеќе од половина се со клиничка слика на грип. Од нив 6 лица се на интензивна нега, од кои тројца се приклучени на механичка вентилација.