Уште едно разбеснето куче пуштено без маска искаса скопјанка


Христина Јолевска од Скопје на метар до домот ја нападнал ротвајлерот на соседите и ја турнал на земја. Кучето на соседите и го изгризaло грбот, па морала да побара лекарска помош, јавува Канал5

slike-zivot-5-rotvajler_kavez_941479059Таа лежела на улицата и врескала, барала помош. Ниту сопственикот не можел  да го тргне кучето. Од посериозни повреди  ја спасиле слоевите дебела облека. 

Соседите вознемирени, неколкупати го предупредувале соседот за кучето, но без успех. Во дворот во куќарката кучето спиеше, никој од домот не излезе. На вратата имаше предупредување за куче и напишана брзината на стигнување на миленикот, доколку влезете во дворот.

На инфективната клиника во Скопје за една година се јавиле околу 900тини луѓе нападнати од куче. Околу 800тини биле нападнати од кучиња што имале сопственици. Христина го пријавила случајот во полиција. Таа се уште во шок повторуваше дека денеска е нејзиниот втор роденден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1