Израелските археолози ги потврдиле претходните сознанија дека камилите во овие простор пристигнале неколку векови подоцна од периодот 1500 до 2000 година пред Христос, кој е опишан во Библијата дека Абрахам јавал на овие животни
Др. Ерез Јосеф и др. Лидар Сапир Хен од Одделот за археологија на Универзитетот во Tел Авив со целосна анализа и истражување се обиделе да го одредат времето кога камилите стигнале во јужен Левант. Тоа е деветиот век пред Христос, што е неколку стотина години по времето во кое живееле претците на Абрахам.
Се претпоставува дека камилите првобитно се припитомени на Арапскиот полуостров а во сите ископини коските на камилите потекнуваат од 10. век пред Христос или подоцна.