Уставниот суд ги укина измените на Законот за помилување


Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година.protesti ustaven

Според оваа одлука на Уставниот суд, на Шефот на државата му се враќаат ингеренциите одземени во 2009 година.

Оваа одлука, како што велат од Судот, произведува правно дејство по денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“.

– Судот со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Наредниот период како конечна одлука ќе биде објавена и на веб-страницата на Уставниот суд, велат од Судот.

Деталното образложение за Одлуката, како што додаваат од Судот, ќе биде достапно и за правната фела и за сите заинтересирани да ги видат уставните аргументи за укинувањето на предметниот закон од 2009 година.

Иницијативата беше поднесена од адвокатот Ристо Китевски од Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1