Напредно американско оружје падна во рацете на терористите


Припадници на терористичката груоа Ал Нусра Фронт која е сириски огранок на Ал Каеда, заробиле оружје од клучната бунтовничка група која добиваше поддршка од САД и западните сили на просторот на сириската провинција Идлиб.

Станува збор за групата „Дивизија 13“ која долго време била снабдувана со напредно американско оружје, но тоа оружје сега, како што многу експерти предупредуваа дека ќе се случи, падна во рацете на Ал Нусра Фронтот, односно терористите на Ал Каеда.500Mali-ISIS-teroristi-620x

Тензиите помеѓу Ал Нусра Фронтот и бунтовниците на „ФСА“ во Сирија драстично се зголемија во последните неколку месеци, посебно откако САД и Русија наметнаа примирје во оваа земја на Блискиот исток, но примирјето не ги опфаќа терористичките групи Ал Нусра Фронт и Исламска држава.

Терористите на Ал Нусра Фронт во текот на вчерашниот ден ја нападнале базата на „Дивизија 13“ на „ФСА“ во градот Марет Ал-Нуман на просторот на сириската провинција Идлиб и ја зазеле, заедно со оружјето кое што било складирано таму.

Извори пренесуваат дека меѓу напредното пешадиско оружје имало и американски против-тенковски “TOW” ракети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1