Утре почнува изградбата на Аква Паркот во Скопје (Видео)


akva parkОд спортскиот центар Борис Трајковски информираат дека утре во 13.30 часот и официјално ќе биде поставен камен темелникот на градскиот Аква Парк што ќе се гради во состав на центарот.

Изградбата на Аква Паркот е проект што е дел од програмата на Владата на РМ, а изградбата ќе се реализира преку Спортскиот Центар Борис Трајковски .

На камен темелникот ќе присуствваат Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и Директорот на СЦ Борис Трајковски Ратко Капушевски.

Ќе се протега на 12.000 квадратни метри, а рокот да биде завршен е април 2013 година. Предвидено е да има ресторан, базен со барнови, мрзелива река, детски свет, пиратите од карибите, 10 тобогани меѓу кои ќе има space ball, boomerang, multy slide.

Аква паркот ќе го градат 2 македонски и 1 турска фирма

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1