„Самоопределување“ ќе протестира за Божиќ


Движењето „Самоопределување“ в понеделник, на православниот празник Божик, ќе одржи протест во Дечани и ќе го блокира влезот во манастирот Високи Дечани, најави извршниот секретар на косовското движење Дардан Молиќај.


kosovoПовод за организирање на протестот е одлуката на посебното одделение на Врховниот суд на Косово, кое потврди дека 20-те хектари земјиште, кои во 1997 година тогашната српска влада им ги подари на манастирот, му припаѓаат на овој верски храм, а исто така и да им се оневозможи посета на српските функционери по повод празникот.
Молиќај изјави дека станува збор за политичка одлука на судот, која дошла како резултат на влијанието од Белград.
Вториот човек на „Самоопределување“ и потпретседател на косовскиот Парламент Глауф Коњуфца истакна дека евентуалното потпишување на „мировен договор меѓу Косово и Србија ќе создаде услови за регионален судир“. Според него без измени во Уставот на Србија и повлекување на паралелните структури од Косово не може да има мировни однос со Белград.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1