Купил златна кошула за да фати девојка (Видео/Фото)


Kosulja-od-zlata
32 годишниот Дата Пуџ за да си фати девојка одлучил да си купи кошула од злато која ќе им влезе во очи на припадничките на понежниот пол.

Кошулата ја платил 23 илјади долари а целата е направена од злато. Ја правеле две недели, по 16 часа дневно. Заедно со неа доаѓаат и златен ланец, прстени и шест Swarovski дијаманти.

златна kosulaZlatna-kosulja

zlatna kosula

Индиецот е сега сигурен дека ќе си фати девојка – еве што изјавил

„Знам дека не сум најзгодниот човек на планетата, но уверен сум дека мал број жени ќе можат да останат рамнодушни кога ќе ме видат во златната кошула.

Тоа беше мој сон кој сега конечно стана реалност. Отсега сите ќе ме препознаваат и ќе бидам познат како „Златниот човек од Пимпри“

Вели дека не жали за потрошените 23.000 долари бидејќи ова е инвестиција во љубовта.

Јас сум свесен како изгледам, а сега со помош на кошулата ќе го привлечам вниманието на девојките и се надевам дека ќе ја најдам љубовта на својот живот.

Неговата приказна ја пренесоа индиските но и светските медиуми – ако ништо друго голем број жени сега навистина ќе знаат кој е богатиот индиец кој купил златна кошула.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1