Филмски напад во Охрид, украдени 120 илјади евра (Фото)


Четири засега непознати лица утрово физички нападнале лице во Охрид, при што ја однеле неговата ташна во која според нападнатиот имало 120 илјади евра.


grabezКако што соопшти охридската полиција, нападот бил извршен утрово околу 8 часот на улицата „Дејан војвода“ во Охрид. Напаѓачите кои се движеле по улицата со патничко возило „Фолксваген-џета“ со кичевски регистерски таблички, со возилото го удриле лицето К.А.(48) од Охрид. Потоа еден од разбојниците излегол и од повредениот ја одзел ташната со парите.
Разбојниците веднаш потоа со возилото побегнале кон излезот од Охрид, на магистралниот пат кон Кичево.
Полицијата веднаш по информацијата за нападот презела оперативни мерки за пронаоѓање на сторителите. На потегот помеѓу селата Требеништа и Мешеишта на магистралниот пат Охрид – Кичево било пронајдено возилото со кое било извршено разбојништвото, претходно опожарено од напаѓачите.
Повредениот К.А. е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Ова се фотографиите од опожареното возило кое ги објави Канал5

kola zapalena

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1