Утрински секс – поубави, поздрави, посреќни


Сексот го ослободува хормонот окситоцин. Овој хормон е одговорен за доброто расположение и доколку денот го почнете со секс расположението ќе ве држи цел ден. ДОБРО УТРО 🙂

Го зајакнува имунитетот, ги чува ноктите, косата, коските и кожата, влијае на еластичноста и тонусот на кожата – ве прави поубави.  Порталот Фемина ги сублимирал најважните придобивки од утринскиот секс. Еве зошто утринскиот секс е одлична идеја.

  • Ќе бидете весели до крајот на денот. Луѓето кои се расонуваат со утрински секс ги следи ведро расположение во текот на цел ден. Сексуалното задоволство и доживувањето на оргазам во телото ослободуваат ендорфини, кои се „виновници“ за интензивирањето на вашата среќа.
  • Посилен имунитет. Според неодамнешните истражувања, утринскиот секс го зголемува нивото на имуноглобулин А (IgA), антитело кои се бори со настинки и други инфекции.
  • Ќе добиете нова доза адреналин. Утринскиот секс го зголемува лачењето на адреналин и му придава интензитет на сексуалното искуство.
  • Нема потреба од предигра – тој веќе е спремен за акција. Додека вашиот партнер спие, тој акумулира тестостерон, а високото ниво на тестостерон е причината за неговата огромна желба за секс. Па наутро не мора да трошите време за предигра, затоа што неговата ерекција ќе ве убеди дека е спремен за акција.
  • Ве разубавува. Утринскиот секс го зголемува нивото на естроген кој го подобрува тенот и текстурата на кожата и косата. Сфатете го како ваша бесплатна козметика која ви дава природен здрав блесок во текот на целиот ден. Вашето лице ќе зрачи со привлечност, а вашата коса ќе сјае.
  • Ве зближува со партнерот. Сексот придонесува за лачење на окситоцин, хормонот на зближувањето. Партнерите кои се будат со игра меѓу чаршафите се чувствуваат поприврзани и позаљубени во текот на денот.

7 совети за подобар утрински секс

За целосно релаксирано да уживате во утринскиот секс и комплетно да го елиминирате чувството на непријатност, нема да биде лошо да внесете одредена доза на планирање.

  1. Наместете си аларм. Сигурно не би сакале да доцните на работа само заради тоа што сте го ставиле задоволството на прво место. Поставете како аларм нежна и романтична музика која ќе ви ја зголеми желбата за секс и ќе ја подготви атмосферата.
  2. Истуширајте се пред да си легнете. Вечерните подготовки за секс ќе ја уништат спонтаноста, но тие навистина се пожелни. Добра идеја за утринско будење е и секс под тушот.
  3. Земете на ноќното шкафче гуми за џвакање или бонбони за да го маскирате утринскиот здив. Оној кој го „измислил“ утринскиот секс заборавил да го спомене лошиот здив. лошата вест е што мора да станете од креветот за да ја освежите вашата уста, или пак, да го поминете сексот без бакнежи.
  4. Чувајте кондоми на дофат на рака. Ако не сте дел од оние парови кои планираат бременост, не заборавајте ги кондомите. Не е пожелно да го прекинувате утринското задоволство трчајќи низ домот во потрага по кондоми. Никогаш не можете да предвидите каде ќе ве однесе утринското гушкање, па секогаш бидете подготвени.
  5. Легнете си со минимална облека или без облека. Кога наутро ќе ги отворите очите и ќе почувствувате дека помеѓу вашите тела нема никаква преграда во форма на облека, уште повеќе ќе се разгорат вашите фантазии.
  6. Изберете поза „лажица“. Наутро сите сме гроги и не сме подготвени веднаш да се активираме физички. Одлична поза е таканаречената „лажица“, кога двајцата лежите настрана, а партнерот е зад вас и ве прегрнува. Ако позата која сте ја избрале ја исцрпи целата ваша енергија, голема е веројатноста повторно да потонете во длабок сон.
  7. Не заборавајте: вашиот надворешен изглед има споредна улога за време на утринскиот секс. Вашата бушава коса и старите пижами не треба да бидат пречка за да го достигнете врвот на задоволството. Нему не му е грижа за вашата фризура или за „линиите“ кои перницата ги оставила на вашето лице. Но, ако не се чувствувате пријатно, изберете поза која не вклучува контакт лице в лице.

Извор – Фемина.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1