Утринскиот лет од Истанбул до Скопје откажан поради лоши временски услови


ТАВ Македонија соопшти дека поради временските услови, утринскиот лет од Истанбул до Скопје е откажан.

Според временската прогноза која ја добиле од М-НАВ, подобрување на временските услови се очекуваат по 10 часот, што треба да овозможи летовите да бидат реализирани според редовниот распоред на летање.

Од ТАВ Македонија ги потсетуваат патниците да ја следат веб- страницата на скопскиот аердром skp.airports.com.mk, каде сите можни промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1