УЖАС: 4-годишно девојче силувано од пет мажи во болница додека се лекувала


Четиригодишно девојче од Индија била силувана од петорица мажи додека била на лекување на одделението за интезивна нега во една болница на северниот дел од земјата.

Таа и раскажала на својата баба дека ја силувале еден вработен во болницата и уште четворица мажи, а се се случило додека девојчето било само во саботата навечер.

-Полицијата успеала да уапси еден од злоставувачите, додека по останатите се трага, пренесуваат локалните медиуми.

Надлежните ги побарале и снимките од безбедносните камери за да утврдат зашто девојчето било само на интезивна нега. Таа во болницата била четири дена, а ја лекувале од каснување на змија.

Индија во последните неколку години ја потресоа низа на сексуални напади, вклучувајки и случајот на банда која силуваше студентка во автобус во 2012 година. Тој случај ја шокираше земјата во која насилството врз жените е раширено, па и прифатено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1