Ужас дијагноза: Лекарите му кажале дека му остануваат само уште 100 ерекции, после нема секс


Еден 34-годишен маж, под псевдонимот RLS, напиша искрено писмо до BroBible во кое раскажува за својата невообичаена мака. Имено, тој има „фора“ на уште околу стотина ерекции, пред целосно и засекогаш да ја загуби способноста да има секс.

На RLS му е дијагностицирана ретка болест, наречена „идеопатична фиброза на корпора каверноса“, што всушност значи дека секој пат кога ејакулира, во пенисот се формира нов слој на „scar tissue“ – ткиво што ја заменува нормалната кожа откако е оштетена. Со време, ова новоформирано ткиво се таложи и неизбежно стигнува до степен кога ќе предизвика целосна неможност за постигнување на ерекција. Докторите велат дека ова е прв ваков случај.

orgasm-story-top

RLS објаснува : „Во основа, постои резервоар во пенисот што се полни со крв кога мажот има ерекција. Во мојот случај, секогаш кога имам ерекција, тоа предизвикува автоимуна реакција (при која имуниот систем на телото го напаѓа и уништува здравото ткиво по грешка), што предизвикува лузнестото ткиво да се наталожи во резервоарот“.

Тој вели дека зборувал со цел дијапазон од експерти, но без успех. Единствениот одговор што го добил е дека му преостануваат околу 100 ерекции „до крајот“.

Фиброзата на пенисот е симптом на Пејрониевата болест, која обично се јавува кај мажите над 40-годишна возраст. Причината е непозната, но се смета дека разни повреди, удари и ниското ниво на тестостерон имаат удел во настанувањето. Докторите потврдуваат дека фиброзата може да доведе до импотенција.

Целото писмо на RLS можете да го прочитате ТУКА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1