Ужас: Го направил шимпанзото-алкохоличар. Се’ земи му, шишето не му го допирај


Додека пие, мирен е како бубачка. Но, ако некој му го поремети мирот  и му го земе шишето, ова бебе шимпанзо се претвора во гневен ѕвер.

На видео клипот поставен на YouTube, едно симпатично мало шимпанзо многу вешто си пие алкохол од шишето. Пие како да го прави тоа со години, како да е хроничар. Кога човекот што се појавува во клипот ќе му го земе шишето, шимпанзото се буни и бунтува слично како дечињата кога нема да им ја купите омилената играчка.

Скока, плаче, вика. И тоа не за млеко, туку за алкохол. До него има и празно шише пиво, што значи дека газдата своеволно му дава алкохол и го испијанува миленичето.

Како и да се однесува ова мало и слатко шимпанзо,  воопшто не е виновно. Крив е неговиот сопственик што наместо со млеко, го храни со алкохол.

Tags: ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1