Домари, ѓубреџии, адвокати, слаткари…. Знаете ли што работат олимпијците?


По тренинзите тие се адвокати, професори, пожарникари, сметководители, домари, ѓубреџии, слаткари и што уште не.

Некои од врвните натпреварувачи на Олимписките игри работат сосема нормални секојдневни работи, што можеби и ќе ве зачуди затоа што кога гледате колку се добри во тоа што го прават, сметате дека тоа го прават по цели денови.

Но, не е така. По тренинзите тие се адвокати, професори, пожарникари, сметководители, домари, ѓубреџии, слаткари и што уште не. Вежбањето и тренинзите со професионалци е многу скапо, па најчесто спортистите мораат да заработуваат дополнително.

Savvysugar.com објави листа што работат некои олимпијци кога не се натпреваруваат.

Борачот Час Бетс работи како графички дизајнер, џудистот Чи Јип Чеунг е пожарникар, фрлачот на диск Ленс Брукс бил ѕидар, тренер и келнер.

Уриге Бута од Норвешка трча маратон, но секојдневно работи како домар. Натпреварувачката по веслање Деби Капоци, кога не весла, работи во слаткарница на Лон Ајленд.

Џамел Херинг е боксер но работи како маринец во Јужна Каролина.

Рејс Имбоден се занимава со мечување, но покрај тоа е и Ди Џеј. Самир Лаин скока во височина но е и адвокат. Триатлонката Гвен Јоргенсен работи како сметководител, Емил Милев се занимава со мечување, а исто така работи како професор по физика. Наташа Пердју е дигач на тегови, а секојдневно работи како ѓубреџија.

Share Button

Tags: , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1