Фото: Јулија ја шекна Преспа


Пејачката, која последниве месеци се препушти на вежбање и е видно ослабена и „стегната“, ги одушеви сите со својот изглед и забавата која умее да ја направи.

Бомбастичната Јулија за Илинден беше гостинка во Преспа. Два дена пееше на фестивалот „Фолк фест Преспа“ и на традиционалните средби во Љубојно, каде се живо крена на нога, а вослободното време  и многу шеташе, се дружеше и фотографираше со своите обожаватели.
Пејачката, која последниве месеци се препушти на вежбање и е видно ослабена и „стегната“, ги одушеви сите со својот изглед и забавата која умее да ја направи.
Престојот во Преспа го искористи да ги реализира дел од поканите за домашни посети на стари и нови пријатели- беше на манастирот Свети Илија во Грнчари, во манастирот Свети Петар и Павле и етно музејот кои се наоѓаат во Подмочани ( во етно музејот беше дарувана со убава стилизирана македонска кошула).
Се на се, се увери колку е обожавана во Преспа и вети дека и догодина ќе дојде да пее на летните фестивали и средби, а можеби и во меѓувреме во август ќе „украде“ два- три дена да се врати таму повторно, да се одмори и да подише свеж воздух, кој навистина и годи. Но, и на уметничкиот директор на фестивалот, Симе Георгиевски Бричот му вети дека ќе ја посети и Австралија, и ќе направи концерти за Македонците таму.
Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1