Ужас на ОИ: Велосипедист загина откако го удри автобус полн со новинари


Во сообраќајна несреќа која се случи пред самиот Олимписки парк во Лондон, загина 28-годишен велосипедист.

Според првичните информации, на него налетал автобус со кој новинарите се превезувале за време на Олимписките Игри.

Полицијата го привела 60-годишниот возач на автобусот, а го чека и тужба за опасно возење со трагични последици.

Присутните полицајци и брзата помош се обидувале да го реанимираат младиот велосипедист, но тој по половина час им подлегнал на повредите.

Британскиот велосипедист Бредли Вигинс, кој во Лондон освои злато, апелираше до сите велосипедисти задолжително да ги носат кацигите, да не носат iPod и да не разговаарат по телефон додека возат.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1