Ужасно: Oтруени кучиња и мачки во Берово


Kучиња и мачки облеани во повраќаници, измет и во крв, паднати насекаде по улиците, ова е сликата од Берово деновиве, алармираат од здружението за заштита на животните „Анима мунди“.

otrueni-zivotni-540x303

Како што велат од здружението дел од животните сѐ уште не биле мртви кога жителите ги виделе во агонија и во треска која наликувала на силни епилептични напади и очајна борба за здив. Сите до едно починале од силата на отровите, а бројни траумирани граѓани го контактирале здружението и побарале помош.

„Кој се крие зад масовното убивање животни во Берово? Кој ги уби животните и кој изврши атак врз хуманоста и јавната безбедност во градот? Посочуваме дека отровот е расфрлан на многу места, по улици каде има голема фрекфенција на луѓе, вклучувајќи и деца (покрај основно училиште). Отровот е смртоносен и како што може да убие животно во 10 минути, истото може да го направи и на човековиот организам – трајно да осакати или да убие. Бараме одговори, истрага и најстрога казна за сторителот зошто во случај се извршени две тешки кривични дела – предизвикување општа опасност и мачење на животни, дела за кои се предвидува и затворска казна“, велат од асоцијацијата.

„Анима мунди“ ја повикува општина Берово и градоначалникот Драги Наџински веднаш да спроведат темелна истрага и јавно да го осудат ваквото самоволие и акт на насилство на кое се изложени сите, без исклучок – и луѓето и животните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1