Унгарската војска и полиција почна да поставува вагони со бодликава жица на унгарско-српската граница.
Ова е „втора фаза“ во затворањето на границата бидејки денеска унгарската полиција го затвори железничкиот премин, кој бегалците најчесто го користеа за премин и е поставена бодликава жица.
Ројтерс јавува дека на пругата има голeм број на полицајци со коњи, а просторот го надлетуваат хеликоптери.