Вахабист: Имам 18 деца, приоритет ми е да направам уште 20


Неформалниот лидер на заедницата на радикалните исламисти во Босна и Херцеговина, Хусеин Билал Босниќ, кој е осуден на 7 години затвор поради соработка со ИД, верува дека ќе биде ослободен од обвинението и дека моментално приоритет му е да го прошири семејството и да добие уште барем 20 деца, објави вчера сараевскиот „Дневни аваз“.

Тој беше осуден на 7 години затвор поради казниви дела поттикнување на терористички активности, врбување поради терористички активности и организирање на терористички групи.vahabist-bilal-640x320

По пресудата Босниќ бил задржан во притвор во Сараево, а неговиот адвокат најавил дека освен жалба, подготвува преиспитување на пресудата пред Уставниот суд во БиХ.

Адвокатот потврди дека на неговиот браненик му е дозволена посета од членовите на семејството, односно неговата законска сопруга и двете полнолетни деца.

Босниќ живеел во голема семејна заедница, затоа што освен законската, има уште три жени, а со сите нив вкупно 18 деца.

Неименуван пријател на Босниќ за „Дневни аваз“ изјавил дека негова цел е да го прошири семејството и да има уште барем 20 деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1