Актерот Робин Вилијамс, со својата глума и позитивна енергија носеше насмевка на нашите лица и огромна тага кога дознавме за неговата смрт.
Актерот во август мината година си го одзеде животот, како кулминација на неговата долгогодишна борба со депресија.
За прв пат, по неговата смрт, во емисијата “Аутопсија: Последните денови…”, која се занимава со анализа на смртта на јавните личности, откриени биле детали кои довеле до трагедијата во која Робин Вилијамс си ги пресекол вените, а потоа се обесил.
Имено, неговата сопруга открила дека вечерта пред смртта, Вилијамс скапоцените часовници ги криел во чорапи и сакал да ги однесе кај пријател да му ги чува, што експертите кои биле интервјуирани во документарецот го опишуваат како параноја.
-Тоа што го опишала неговата сопруга укажува на паранојата од која пател. Се чувствувал загрозен, во опасност. Не е важна причината, дали психолошки, физички, финансиски, тој мислел дека нешто се подготвува, објаснува психологот Анџела Мутанда.
Обдукцијата покажала дека Вилијамс имал недијагностицирана деменција, што би можело да го објасни неговото однесување. Патологот Ричард Шепард рекол дека активноста на актерот на интернет, укажувала на тоа дека Робин бил свесен дека нешто не е во ред со него, но не знаел што.
Деменцијата ги објаснува симптомите како несоница, параноја, збунетост, како и отежнат процес на донесување одлуки.
Во собата на Робин Вилијамс било пронајдено неотворено шишенце со лекови, кои се користат за лечење на шизофренија и биполарно преметување.