Деканот на Правен факултет поднесе оставка


Деканот на Правниот факултет “Јустинијан Први” Борче Давитковски поднел оставка, објавуваат повеќе медиуми.

Деканот на правниот факултет „Јустинијан први“ Борче Давитковски си поднел оставка поради, како што вели за НОВА, долготрајни притисоци.

– Со месеци имам инспекции на факултетот. Последниот скандал ја прели чашата кога Инспекторатот побара од мене да им дадам откази на професорите Добринка Тасковска, Димитар Гелев и Томислав Гроздановски, односно нивните избори за редовни професори да ги поништи. Имено, тие ги преиспитуваа нивните рецензии и потоа бараа од мене да потпишам откази, инсистираа да бидат поништени. Тие рецензии се поминати пред многу години и на Научно-наставнички совет и на универзитетски Сенат.  Не сакам да потпишам нешто што не ниту правно ниту морално исправно и издржано, вака Давитковски за НОВА ја образложи оставката.

Тој и за весникот  “Вест” потврдил дека ја поднел оставката до ректорот на Универзитетот “Кирил и Методиј”.

borce davitkovski2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1