Организмот на овој начин се одржува „чист“. Но научниците ги мачеше прашањето за тоа како се прочистува мозокот кој претставува мала, затворена единица.
Токму поради ова истражувачите од медицинскиот центар на Универзитетот во Рочестер направиле неколку истражувања врз глувци со кои сакале да откријат како нивниот мозок се прочистува. Истражувањата покажале дека мозокот има еден вид „одводен“ систем кој пумпа течности со отпадни материјали во крвните садови преку кои стигнуваат до мрежата на лимфниот систем.
Научниците го набљудувале протокот на течности низ мозокот со користење на радиоактивни одбележувачи и забележале дека мозокот на глувците има вонклеточен простор низ кој тече цереброспинална течност која го исфрла „ѓубрето“.
Без овој вонклеточен простор чистењето на мозокот би било забавено за дури 70 отсто. Ова всушност е многу важно откритие кое би можело да помогне во лекувањето на алцхајмерова и паркинсонова болест со оглед на тоа дека алцхајмеровата болест предизвикува забавено излачување на амилоид, протеин кој исто така од мозокот се исфрла преку „одводниот“ систем.