Италијанскиот неврохирург Серхио Канаверо е спремен за операцијата пресадување глава на русинот Валериј Спиридонов (32). За операцијата “Франкештајн” се подготвува така што оживува мртовци со електрошокови.
Валериј Спиридонов од детството е во инвалидска количка, боледува од ретко генетско нарушување Вердинг – Хофмна, болест која предизвикува тежок облик на атрофија на мускулите, кај која смртта следи по третата година. Валерј е чудо на медицината бидејќи успеал да ги надмине црните прогнози десет пати подолго од другите заболени, а сега го чека нешто уште поневеројатно – ново тело.
Неврохирургот Серхио Канаверо ќе изврши трансплантација на главата на Валериј на друго тело. Операцијата се планира за декември 2017 година а докторот е силно убеден во успешноста на операцијата од 90 отсто и тврди:
– Нормално дека постои ризик, не можам да го негирам тоа, но сигурен сум во својата работа – рекол Канаверо. Додал дека успехот на операцијата зависи целосно од руски препарат кој се нарекува перфторан. Тоа е замена за крв која може да го реши проблемот околу големото губење на крв при одвојувањето на главата од телото. Доколку нешто тргне наопаку при операциајта хирургот за трансплантација Анатолиј Трошин предложил нов метод за спасување на животот на Валериј. Тој предложил главата по одвојувањето од телото да се смести во посебен сад кој наликува на костим за астронаут.
– Тој сад однадвор треба по форма да биде таков што крводарителот и крвните жили лесно ќе може да ги прицврсти и постојано да ги носи на телото – кажал Трошин додавајќи дека така ќе се добие ефектот на сијамски близнаци. Во експериментот на Серхио Канаверо досега се согласиле да учествуваат Виетнам, Јужна Кореја и Кина.
– Доколку операцијата биде во декемврти 2017, најверојатно ќе биде во Кина бидејќи таа има голем напредок во овој сегмент – додал Спиридонов.