Во валандовско повторно се излеа реката Вардар кај с. Марвинци и под с.Јосифово и поплавени се истите површини од претходното излевање. Сообраќајот на патниот правец Р1401 клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на сообраќајницата.
Во Гевгелија и Богданци поради зголемената кота на течението на река Вардар кај мерна станица во Демир Капија се очекува излевање на реката долж течението кај с. Мрзенци и с. Богородица на земјоделските површини но нема опасност за поплавување на објекти. Известени се надлежните структури за зголемувањето на котата на водостојот на р. Вардар