Варичела во Куманово – зголемен број на деца заболени од овчи сипаници


Центарот за јавно здравје во Куманово регистрира зголемен број на деца заболени од овчи сипаници (варичела). Според податоците од таа јавна здравствена установа, изминатиот месец биле евидентирани 86 заболени, во ноември 37, а во октомври 20 заболени.sipanici

– Најголем процент на заболените се деца на училишна и предучилишна возраст од 7 до 9 години и до шест годишна возраст, што е 95 отсто од вкупно заболените од оваа сезонско заболување, изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во кумановскиот Центар за јавно здравје.

Карактеристично е што најголем број од заболените деца се од урбана средина.

– Периодот на инкубација на вирусот е од 10 до 20 дена. Се манифестира со појава на осип, кој започнува од стомакот и се шири кон вратот, екстремитите и главата. Меурчињата не треба да се допираат за да се одбегне контаминација. Болеста завршува со појава на крастички кои отпаѓаат за десетина дена, истакна Стаменковска.

Заболените од варичела се лекуваат во домашни услови. Ова заболување според епидемиолозите, најчесто поминува со лесна клиничка слика, во период од две до три недели. Кумановските епидемиолози препорачуваат хигиено-диететски режим, често проветрување на просториите, мирување и изолација на заболените.

Според податоците на Центарот за јавно здравје-Куманово, во 2014 имало 263 заболени, а во 2013 година 584 заболени лица од варичела. Покрај тоа што, годинава не станува збор за драстично зголемување на бројот на заболени од варичела, Центарот за јавно здравје ја следи епидемиолошката состојбата со тоа заболување чија што кулминација се очекува овој и идниот месец.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1