Ватикан ја призна Палестина – Израел се налути


Ватикан и официјално ја призна државата Палестина преку нов договор. Од договорот, кој беше финализиран денеска, но кој се уште не е потпишан, станува јасно дека Светата столица отсега ќе одржува дипломатски односи не со Палестинската ослободителна организаиција (ПЛО), туку со „државата Палестина“.

palestina

Ватикан ја поздрави одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации од 2012 година за признавање на палестинската држава. Договорот сепак е првиот правен документ меѓу Светата столица и државата Палестина и претставува официјално признавање.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе се сретне со папата Франциско в сабота пред канонизацијата на двајца нови светци од Светата земја. Израел во меѓувреме ја оцени како разочарувачка одлуката на Ватикан да ја признае државата Палестина.

– Одлуката на Ватикан да потпише со палестинската автономија договор, со кој во пракса се признава државата Палестина е разочарувачка, изјави денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Емануел Нашон.

– Разочарани сме од одлуката на Ватикан. Освен тоа сметаме дека тоа нема да помогне за враќање на Палестинците на преговарачката маса, додаде тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1