Не е време за партиска политика, туку за отпор на надворешната агресија


Европратеникот од редовите на британската владејачка Конзервативна партија, Чарлс Тенок, во изјава за МИА порача дека Европската унија и Европскиот парламент сметаат дека по нападот на, како што тој ги нарече терористите во Куманово, не е време за партиска политика, туку време да се даде отпор на надворешната агресија и првокација и да се обедини земјата.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Тенок не е среќен што в недела опозициската СДСМ ќе организира нови протести кои може да донесат ново насилство.Screenshot_156

– Ова е многу сериозна ситуација и се разбира доаѓа среде големиот притисок и кризата во Владата со оставката на шефот на националната безбедност и министерката за внатрешни работи во однос на скандалот со прислушувањето. Значи, ова не е многу среќно време за Скопје и неговата Влада, но се разбира дека ние во Европската унија и пред се овде во Европарламентот што сме пријатели на Македонија повикуваме за воздржаност, повикуваме за целосна истрага за тоа што се случи и сите кои се кривично одговорни мора да бдиат изведени пред лицето на правдата, вели британскиот европратеник во изјава за МИА.

Според Тенок, очигледно е дека премиерот Никола Груевски е под голем притисок и тој верува дека неговите колеги од Европарламентот ќе можат исто така да помогнат да се посредуваат во поделеноста и непријателството меѓу ВМРО-ДПМНЕ и опозициските партии.

– Треба да има договор за национален консенсуз во време на национална итност. Ова не е време за партиска политика, туку време за да се даде отпор на надворешната агресија и провокација, да се обедини земјата и повторно воспоставување на мир, просперитет и национална безбедност, дециден е Тенок. Затоа, јас верувам дека македонскиот судски систем е доволно зрел за да се справи со тоа и дека полициските сили може да се справат со тоа и да ги уапсат тие што извршиле криминално дело против имотот или против државата, додава Британецот.

Чарлс Тенок вели дека тој е силен пријател на Македонија и потсети дека тој беше еден од основачите на Групата “Пријатели на Македонија” во претходниот состав на Европскиот парламент и се надева дека ќе се обнови таквата група и во овој состав на ЕП.

Во однос на условувањето на терористичката група што уби осуммина македонски полицајци преку викендот во Куманово и за каква група се работи, британскиот европратеник нема дилеми:

– Јас стојам зад Владата на премиерот Груевски во однос на борбата со сите надворешни закани по националната безбедност, посебно ако се покаже дека она што се случи неодамна беше напад инспириран од терористи, од поранешни членови на УЧК што пристигнале преку границата, најверојатно од Косово. Повеќемина од таа група се обучувани како џихадисти, кои работеле за исламистичко-терористички организации во Сирија или Ирак. Ова е многу опасна ескалација и загрижува. Како што знам, досега се уапсени сите терористи и ситуацијата е стабилизарна, но очигледно се направени големи штети на имотите и моето срце е со семејствата на луѓето што загинаа, пред се полицајците кои ги загубија животите со цел да го одржат редот и законот и безбедноста, порачува на крајот европратеникот Тенок.

Ваквата реакција на британскиот конзервативец и европратеник, доаѓа по утринската објава на неговиот сонародник и колега во Европскиот парламент, Ричард Ховит, кој најави дека в недела ќе дојде во Скопје за да присуствува на најавенио протест на опозициската СДСМ со цел овие протести да бдиат мирни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1