На патниот правец Скопје – Велес од 52 км до 53 км, после манастирите, поради минирање, сообраќајот во среда ќе биде во прекин од 10 до 12 часот, соопшти Диспечерскиот-информативен центар на ЈП „Македонија пат“.
Од таму велат дека во зависност од обемот на работите, можни се повремени пропуштања на возила.