Ве боли глава без причина, мачнина по јадење – храна третирана со јонизирачки зраци


Спречува да ’ртат житните култури, ја отстранува салмонелата од јајцата, ги уништува токсините кај морската храна, кај овошјето и зеленчукот ги зачувува бојата и вкусот, го продолжува рокот на траење на храната. Ова е само дел од моќта што ја поседуваат јонизирачките зраци.

brza-hrana-1333625476-146160Во светот само дел од храната се третира со јонизирачко зрачење. Дали влијае врз здравјето на човекот ги прашавме експертите и нутриционистите. За првите, методата е рутинска и потполно безопасна, а за вторите, главен причинител на главоболки кај луѓето, нагони за повраќање и симптоми за кои нема објаснување. На Факултетот за електротехнички науки во Скопје се подготвува лабораторија за јонизирачко зрачење, која во прво време ќе ја испитува само увозната хран. Kај нас може да се третираат само сув зеленчук за зачини, зачини и суви билки.

Главоболки без причина

Нутриционистите велат дека ова е многу нова метода која од неодамна почна да се применува кај храната и затоа за неа многу малку се знае. Но, сметаат дека воопшто не е безопасна.

– Често се случува да јадеме здрава храна, овошје, зеленчук, јајца, а да имаме нагони на повраќање и главоболки без причина. Мислам дека токму во ваквите методи, со кои е третирана храната, лежи проблемот. Kај нас целата работа е на почеток, но во светот многу се користат јонизирачките зраци. Секоја храна низ која има поминато некаква енергија сигурно има и изменет состав – вели нутриционистката Тања Турунџиева.

Детално за ваквиот начин на преработка и како влијае на здравјето може да прочитате на следниот ЛИНК 

Во Европа и во светот се користи во многу производни процеси. Во Италија се третираат јајцата, во Франција пилешкото месо и свежите домати, во Шпанија свинското месо. Во земјите, пак, што извезуваат морска храна јонизирачките зраци се користат за стерилизација на ракчиња, риби и на лигњи. Во Европската Унија нема унифицирана легислатива според која се раководат членките, туку секоја држава сама одлучува за што ќе ги користи овие зраци – вели Ленче Јовановска, раководител на сектор за храна од неживотинско потекло во Агенцијата за храна.

Дневник.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1