Вечер: Самоубиство со многу мистерии – кој го менувал времето на постовите на Фејс на Стефани?


Останува нејасно што ја натерало дваесетгодишната девојка да си го одземе животот, нејзината мајка да тврди дека ќерката е силувана, а момчето на мајката да го претепа таксистот кој ја донел дома Стефани и кој според МВР е „чист”. Не се знае кој го користел профилот на девојката на социјалната мрежа „Фејсбук” со часови по нејзината смрт. Единствено познато е дека девојката имала психички проблеми, но не и дали тие се причина за самоубиството. Од Обвинителството ги чекаат дополнителните резултати од обдукцијата, а шпекулациите кои се појавија и кои ја подгреаја јавноста единствено можат да се отфрлат со полиграфски тест на сите лица кои имале каков било контакт со Стефани во последните 48 часа од нејзиниот живот, анализира „Вечер“.brzanova-stefi

Дваесетгодишната Стефани Брзанова вчера беше погребана, но причината за нејзиното самоубиство се уште останува мистерија и само ги подгрева бројните шпекулации кои веќе кружат во јавноста. Брзанова во средата околу пладне си го одзеде животот фрлајќи се од деветти кат од станбена зграда во населбата Аеродром. Веднаш по смртта на девојката во јавноста се огласи нејзината мајка, преку порталот “Либертас”, со изјава дека била силувана, а силувањето пријавено и осомничениот уапсен, но еден ден подоцна и МВР излезе со официјална информација дека таксистот кој ја донел дома Стефани бил нападнат од момчето на мајката. Јавноста веднаш побара најстрога осуда за таксистот, а имаше и повици за линч.

Она што навидум изгледаше сигурно, односно дека таа си го одзела животот поради сексуалниот напад од таксистот, набрзо го демантираа сите. Единствено се потврди информацијата дека младата девојка имала психички проблеми, пишува ВЕЧЕР.

Обдукцијата на телото на Брзанова покажала дека нема никакви траги на насилен сексуален однос, а нејзината мајка, Александра Каранфиловска, во официјалната изјава дадена во полиција не спомнала ниту збор за какво било силување ниту пак има каква било официјална пријава. Каранфиловска не се штедеше во комуникацијата со медиумите па набрзо ретерираше во изјавите и се сведе дека Стефани и кажала дека некој “со сила спиел со неа”, а облеката и била растргана, а потоа и вината ја фрли врз средното музичко училиште каде и бил набиен комплекс на Стефани, која потоа токму поради тоа страдала од депресија.stefni-640x640

Од Обвинителството пак соопштија дека се земени траги од возилото на такси-возачот и побараа да не се шпекулира со информации во јавноста за овој случај и да се почека на резултатите од обдукцијата и истрагата. А шпекулации има многу, премногу за еден ваков осетлив случај. Речиси сите не се ниту вредни да се споменат, ниту пак е етички, но одредени медиуми очигледно не сметаат така. Затоа МВР и Обвинителството мораат овој случај да го третираат како приоритетен и во најбрз можен временски рок да ја завршат истрагата.

-Она што е битно е точно и прецизно да се утврди какви психички проблем имала младата Стефани и дали имало потреба да се лекува, а ако е така, зошто не била лекувана. Мора да се причекаат и токсиколошките резултати од обдукцијата кои треба да потврдат дали Стефани пиела алкохол ноќта пред да си го одземе животот, или утрото, дали користела седативи или дрога. Од Обвинителството мораат да соопштат и дали на нејзиното тело имало траги од какво било физичко насилство и доколку имало, кога , каде и кој ги нанел, пишува ВЕЧЕР.

Нејасно е и кој и зошто го користел и ракувал со нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи во јавноста веќе се откри дека некој ги менувал времињата кога се поставени постовите, односно сликите.stef-nova

МВР и полицијата мораат веднаш да соопштат кој е мотивот за нападот врз такси-возачот и зошто тој го пријавил случајот дури откако во јавноста се прошири веста за самоубиство на млада девојка, на адресата каде што тој вчера ја однел Стефани и бил претепан.

Клуч за успех во истрага можеби е полиграфскиот тест на кој би требало да бидат подложени сите лица кои имале контакт со Стефани во последните 48 часа од нејзиниот живот.
Дотогаш останува мистеријата за смртта на младата скопјанка.

Како што веќе информиравме, таа во средата околу 11.45 часот се самоуби скокајќи од деветтиот кат. Ноќта се вратила околу 4.30 часот, видно вознемирена, а утрото не сакала да разговара со мајка си. Кусо само и кажала дека ќе оди до кај баба и која живее во соседната зграда каде и си го одзеде животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1