На месечината секогаш и се придавале волшебни моќи – народот верува дека во зависност од тоа дали се зголемува или пак се намалува, дали е полна или млада, таа може да ни помогне да ги намалиме килограмите, да ја заборавиме старата љубов, да пронајдеме нова или пак да дојдеме до пари и богатство.
Ова се некои од старите верувања поврзани со различни фази на месечината.
Месечевиот камен
Доколку ставите месечев камен под перница во ноќта на полна месечина, ќе имате моќ во сон да видите што ви носи иднината.
Потомство
Се верува дека децата родени во ноќта на полна месечина се здрави и силни, но и дека жените во тие ноќи полесно и побрзо раѓаат.
Избегнувајте расправии
Во текот на полна месечина избегнувајте ги сите несогласувања со соседите, бидејќи од тие расправии ќе произлезат далеку поголеми проблеми .
Здравје
Доколку сте болни, не гледајте во полната месечина, бидејќи така ќе го забавите процесот на закрепнување.
Пари
Во ноќта на полна месечина излезете надвор и под нејзините зраци отворете го ширум паричникот и девет пати кажете „Наполни го“. Ова верување ги влече корените од времето кога луѓето сметале дека месечината е сочинета од сребро, па затоа има моќ па да привлече пари.
Полната месечина и сексот
Во зависност од месечевите мени, се разликуваат и ритуалите за љубовта. Интересно е дека и античките и средновековните, како и современите жени применувале речиси идентични методи во одредена фаза на лунарниот циклус.
Во ноќта на млада месечина се фрлаат сите подароци и фотографии од непрежалената љубов, за да се ослободи место во срцето за некој нов.
Во фаза на полна месечина, побрзо се вљубуваме и имаме „поексплозивни“ емоции, па ноќта на полна месечина затоа е идеална за заведување и секс.
Kurir.mk