Вечерва итен состанок во Владата: Груевски свика кризен штаб за невремето


Премиерот Никола Груевски вечерва итно свика кризен штаб за справување со невремето. Според информациите, се превземаат мерки за деблокирање на патиштата и оспособување на енергетските системи.  Екипи веќе се пробиваат до завеаните места а здравствените центри се во состојба на зголемена готовност.

Од МЕПСО за Сител велат дека нивни екипи вложуваат натчовечки напори за да го санираат ипадот на енергетската мрежа кај Ресен. На самото место и на патот до него, има повеќе од метар и половина снег. Поради невремето, надвор од функција се далекуводите на МЕПСО од Ресен кон Охрид и од Вруток кон Шпиље. Поради ова со поголеми проблеми во напојувањето со електрична енергија се потрошувачите во Охрид, Дебар и Ресен.

Големи дефекти се забележани на системите кај Јанковец и кај Глобочица. Според информациите, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески пред малку одржал состанок со Кризниот штаб, по што се упатил на терен низ градот.

Тв Орбис

Тв Орбис

Груевски нагласи дека постојат проблеми во неколку делови на Македонија, најголеми се во западниот дел на Македонија, особено на патот меѓу Кичево и Охрид, каде што имаше стотина автомобили кои беа завеани.

– Околу педесеттина сега се ослободија,  затоа што во меѓувреме механизацијата успеа да го расчисти снегот до Извор, меѓутоа помеѓу Извор и Пресека се уште има околу 50-тина возила кои што се завеани и не можат да одат ни напред ни назад. На терен работат екипи кои за два ипол до три часа би требало да го расчистат снегот и да ги ослободат тие возила, рече Груевски.

Тој нагласи дека состојбата е во лоша и во делот на Струга и Охрид, каде неколку часа веќе нема електрична енергија.

– Екипите на МЕПСО се на терен, за жал поради големите снежни наноси кои достигнуваат и до еден метар пешки одат за да стигнат до местото каде треба да ги отстранат дефектите. Министерот за здравство ја координира работата со болниците во воие краеви. Доколку снежните врнежи продолжат со ваков интензитет можно е да имаме потреба во текот на оваа вечер да имаме и тревога на АРМ и со армиски возила да се обидеме во текот на ноќта да го ослободиме патот и да можат луѓето кои се завеани да излезат, таму се направи добар прогрес, рече Груевски.

Целосната изјава на премиерот погледнете ја во видеото…

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1