ВЕЧЕРВА ОД ПОЛНОЌ ПОЧНУВА ОНЛАЈН-ПРОДАЖБАТА НА БЛОК-БИЛЕТИТЕ


Вечерва од полноќ почнува онлајн-продажбата на блок-билетите за групната фаза на Лигата на шампионите. Блок-билетите ќе важат за сите пет домашни средби на Металург во групната фаза, а ќе можат да се купат на www.karti.com.mk.

Во Скопје блок-билетите ќе се продаваат во продажните салони на “ОНЕ“:  во ГТЦ, Веро Центар, Рамстор, Бисер и  во Скопје Сити Мол.

Во Македонија блок-билетите ќе се продаваат во продажните салони на “ОНЕ“: во Teтово, Гостивар, Прилеп, Битола, Kуманово, Велес, Koчани, Штип, Oхрид, Струга, Неготино, Kaвадарци, Гевгелија и во Струмица.

10668331_10152490515193101_1438983518_n_resize-610x218

Информација: Промената на ваучарите за пластични картички ќе се изврши во текот на следната недела.

Купувањето на блок-билетите ќе ви ги овозможи следните поволности:

* Добивање на пластифицирана МЕТАЛУРГ картичка.

* Влез на пет натпревари во Лигата на шампионите (групна фаза).

* Право на купување на влезница (истото место кое се поседува со блок-билетот) за нокаут фазата на Лигата на шампионите, во предпродажниот период.

* Право на купување на влезница (истото место кое се поседува со блок-билетот), со определен попуст, за натпреварите од СЕХА Гаспром регионалната лига, во предпродажниот период.

* Учество на специјални настани организирани од страна на РК Металург, добивање на подароци и други поволност.

* Попуст при купување во нашиот ФАН ШОП (како off-line така и on-line).

* Попусти во услужни локали, партнери на РК Металург.

* Присуство на промотивни настани.

* Добивање на месечен newsletter со специјални фотографии и интервјуа со нашите ракометарите

* Можност за обновување на картичката во наредната сезона (истото место кое се поседува со блок-билетот).

Ве потсетуваме и на цените на блок-билетите:

Kaтегорија Блокови Цена

1

Б5, Б6, Б10 и Б11 1100

2

Б2, Б4, М7, М8 и М9 1500

3

М1, М15, Б3, Б12 и Б14 1700

4

М2, М3 и М4 2200

Продажбата на блок-билетите ќе трае до недела (21.09.2014 година), со завршувањето на работното време на продажните салони на „ОНЕ“.

rkmetalurg.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1