Ноќва (27/28.10) ќе спиеме еден час подолго. Почнува зимското сметање на времето.
В недела (28.10) изутрина, стрелките на часовникот од 3 часот ќе се вратат на 2 часот. Менувањето на сметањето на времето е поврзано со подобро искористување на дневната светлина и се поткрепува со аргументи дека носи подобар квалитет на живот.