Во пресрет на утрешното празнување на Бадник, верниците во сите населени места вечерва палат бадникарски дрва.
Општина Карпош традиционално организира прослава со палење Бадников оган спроти празнувањето на Бадник и Божик.
Централната манифестација на палење оган ќе се одржи кај Спортско-рекреативниот центар Влае 2 со почеток во 19 часот. Таа ќе биде збогатена со културно-уметничка програма, а ќе се служат и топли пијаlaci и посна храна согласно со православните обичаи.
Традиционално палење на бадникарски оган ќе се одржи и во населбата Маџари во општина Гази Баба, во дворот на црквата Св. Кузман и Дамјан. Претходно во црквата свештеници на МПЦ-ОА ќе одржат божествена литургија.