Откриени се костури закопани во 14. век во капелата Свети Морел во местото Халатон. Тоа што е необично е дека се држат за раце, пишува „Дејли Мејл“.
– Веќе сме виделе слични костури во Лечестер каде една двојка е закопана заедно, изјави археологот Вики Скор, која учествува во откопувањето.
Главното прашање е зошто двојката која се држи за раце се закопани токму на тоа место, кога постои црква во Халатон. Што е посебно во ова место? Се претпоставува дека капелата можеби била место за аџилак, а можеби закопаните биле криминалци, странци или болни.
Се верува дека коските припаѓале на лица на иста возраст, но со понатамошното истражување ќе се утврди колку биле стари во време на смртта.